Нешто што нé прави посебно среќни е можноста да се дружиме, забавуваме и натпреваруваме надвор од работната атмосфера. Обожаваме да креираме и испробуваме различни тимски активности во кои секој член од нашето Grouper семеjство може да се пронајде и забавува. Некогаш е потребно само добра идеја и позитивен дух за да се зарази целиот тим со позитивна енергија и желба за заедничка активност, дружба и знаења.
Ние сметаме дека колегите може да прераснат во пријатели, а тимот во најмоќно оружје на секоја компанија само доколку константно се вложува во негова едукација, надградба и дружби од секаков тип.
Кога сме кај делот дружби, не подразбираме само одење во кафана или afterwork cocktail party (што всушност e супер :)) туку и нешто повеќе и поразлично што би поткренало натпреварувачки дух, забава, борба за знаење и игра.
За таа цел оваа пролет решивме да ве мотивираме сите вас, тим лидови, сопственици на мали и големи бизнис да ги засукате ракаквите и да организирате тимска дружба за паметење. За да ви ја олесниме работата припремивме низа зделки по супер цена кои ќе ве поттикнат да го размрдате мозокот, тимскиот дух и да се забавувате заедно со колегите во малку поинаква атмосфера.
Нашата нова акција за поттикнување на тимски дружби е #ТимскиАктивности кампања за Игра, Дружење и Натпреавар!
Зошто: Затоа што е забавно, го билдаме мозокот, тимскиот дух, ги учиме карактерите на колегите што помалку или повеќе ги знаеме и креираме супер спомени во активност во која ужива целиот тим
Што: Спремивме супер специјални зделки за тимски активности во кои може да се пронајдат ама баш сите – од outdoor спортски активности како кајак и јавање коњи, до играње латино танци, логички игри и уживање во спа центар.
Кога: старт од 16.04.2019 па се до крајот на пролетта
Како: 1. Прво провери на Grouper 🙂 . 2. Договори ден, дата/период за тимска дружба 3. Си бирате активност адекватна за вашиот тим (гледате детали во зделката: времетраење, што поттикнува, за колку луѓе е), 4. Купувате купони, закажувате, се дружите и ни праќате абер како ви се допаднало (може и слика)
Секако може да го примените истиов концепт во вашето друштво и да бидете иницијатор на малку поинаква дружба од попладневно кафе или пијачка.
Супер е ако се решите и да заминете со тимот на еднодневно или викенд патување низ Македонија или околните земји, но доколку таквите планови не можете периодов да ги реализирате, најмалку што може да направите е да изберете барем една нова тимска активнсот која ќе го размрда вашиот тим или друштво.
Let’s make it fun