Да се одбере идеален подарок за жена е секогаш вистински предизвик. Бидејќи знаеме дека идеите се секогаш добредојдени, направивме избор од најинтересните подароци кои чинат до 1.000 денари и можете да ги купите онлајн!
L’Occitane Pivoine Flora Beauty Milk

Сите „паѓаме“ на мека и свиленкаста кожа, а тоа е особено тешко да се постигне во текот на есенските и зимските денови. L’Occitane млеката за тело се must-have за секој период од годината, а нивниот мирис и лесна хидратантна текстура никого нема да остават рамнодушен. Овој француски бренд за козметика датира уште од 1796 година, а ова премиум млеко за тело ќе ја разнежни секоја девојка!
Цена: 890 денари во онлајн продавницата на L’Occitane.

Идеален подарок за секоја девојка! Не само зошто се квалитетни свежи белгиски чоколади, туку и стилски спакувани во луксузна метална кутија. Чоколадните пралини, произведени од најквалитетните состојки со 100% какао путер ќе разубават сечиј ден.
Цена: 990 денари во онлајн продавницата на Leonidas.
Маица со креативна порака од ТиноСки Арт

Ако купувате за вашата сопруга, мајка или другарка, тврдиме дека ова е маичка која ќе донесе насмевка на нејзиното лице. Секоја девојка сака да биде „Жена, мајка и кралица“ и гордо ќе ја носи оваа маица.
Цена: 900 денари во онлајн продавницата на ТиноСки.
WELLA EIMI Колекција за нега на коса

Кога станува збор за нега на косата, жените не треба да прават компромиси. Токму затоа, WELLA EIMI линијата за супериорна нега и стилизирање на коса е идеален подарок. Со оваа линија, косата постојано блеска како штотуку да сте излегле од салон за убавина!
Цена: 679 денари во онлајн продавницата на Орбико.

Органската козметика е во мода, а оваа ноќна крема за регенерација е создадена за оптимизирање на хидро-липидниот баланс, зголемување на нивото на клеточна енергија и одржување на еластичноста на кожата. Кремата е збогатена со цветни екстракти и активен комплекс од морски алги.
Цена: 995 денари во онлајн продавницата на Logona.
Arabeska Luxury Алка со амајлија за среќа

Модните аксесоари никогаш не се доволни во секоја женска колекција. Одберете луксузна Arabeska алка со амајлија за среќа која совршено ќе се вклопи како мал детал во речиси сечиј секојдневен стајлинг.
Цена: 1.000 денари во онлајн продавницата на Arabeska Luxury.
Дрвена слика со персoнализиран текст
Уникатен рачно изработен подарок со текст по ваш избор. Вистински избор за било која пригода кој ќе го разубави животниот простор и секогаш ќе потсетува на убави моменти.
Цена: 780 денари во онлајн продавницата на Виножито.
Секое парче накит има своја приказна, а овие впечатливи ѓердани од Орнаменти совршено ќе ја надополнат облеката и стајлингот со својот едноставен, но впечатлив изглед.
Цена: 650 денари во онлајн продавницата на Орнаменти.
Комбинација од Olpeo: Benton Aloe BHA Skin Toner & Benton Aloe Soothing Mask
Кoрејската козметика e за здрава и порцеланско сјајна кожа, па затоа отсекогаш е прва на листата, токму поради природните и ретко достапни сосотјки кои ги има. Брендот Benton достапен во Оlpeo нуди козметика за секој тип на кожа а тонерот и маската од Алое вера се одличен избор за секого зошто е совршено природно комбо за смирување, ревитализација и длабинска хидратација на кожата.
Цена: 415 денари во онлајн продавницата на Olpeo.

Цвеќето само по себе е дополнување на секој подарок или едноставно внимание за да разубавите нечиј ден без никаков повод. Сансеверија во уникатна керамичка саксија ќе го најде своето место во сечиј дом.
Цена: 750 денари во онлајн продавницата на Цвеќара Розе – Веро 2.
Не бевме доволна инспирација? Побрзај во Grouper Shopping Mall и направи го твојот избор меѓу повеќе од 8.000 производи достапни за онлајн нарачка!