Топ 5 team building предизвици за силен тим!

Развивањето на чувство на единство во еден тим или меѓу тимови во една компанија е одличен начин да се зголеми продуктивноста. А реално еден од најдобрите начини да се постигне и развие ова чувство е преку различни тимски активности и предизвици. Тимот што добро функционира заедно, е секако попродуктивен, поуспешен и посилен. Дополнителен бенефит од ова е и зголеменото чувството на среќа на работното место. Плус, докажано е дека креирањето на здрава врска и комуникација меѓу членовите на тимот допринесува до она добро чуство на “достигнување”. Сите знаеме дека добар тим – добри резултати. Но тоа е нешто на кое што треба да се работи, исто како што работиме на секојдневните работни обврски.

99.1% од луѓето преферираат работно место каде владее искрена комуникација, особено во однос на потешкотиите и предизвиците преку која ефективно се надминуваат пречките. 75% од вработени велат дека тимската работа и дружба им е многу важна Помалку од 50% велат дека искрено разговараат за проблемите и предизвиците Што не доведува до прашањето: Што го прави еден тим да биде силен, ефективен и продуктивен?

Еве го нашиот одговор: Trust, Respect, Integrity, Communication, Team Work! (TRICT) Ова е само една од нашите 10 вредности или core values на нашиот бренд, тим, динамика и култура. Но бидејќи и “забава” е исто така една од нашите 10 заповеди, начинот на зајакнување на нашиот тим пред се мора да е fun! Од војниците на Самоил, до оваа Новогодишна тимска, до Нацртај го колегата на јајце, На пауза за #СкопјеГурман, до организација на Buiz Quiz, нашите идеи за тимски bonding прогресираат годишно. Дури креиравме и кампања посветена на тимската дружба.

Е сега најново, овој месец, бевме тимски во Охрид во Вила Бисера (btw, топла препорака за вилава и тоа баш за тим билдинг, има пинг понг маса, x2 базени, поглед на езеро и супер услуга), и иако повеќе ни беше работен викенд (изненадувања од што спремивме таму следат наскоро), но распоредот не помина без тимски предизвици. Па дами и господа, тимски играчи и супер колеги: ова се нашите ТОП 5 тимски предизвици за силен тим!

grouper-timska

Пред да започнеме со предизвиците мора да ги стокмиме тимовите и да ги кажеме правилата. Така е редот. Сите се делат во 4 тима по принцип ждрепка. 4те тима ги прават сите 4 предизвици и собираат поени. Последниот предизвик (петтиот бонус) е само за смеа и опуштање со пијалок. Другите 4 предизвици се “сериозна” борба 🙂 Meet our teams!

x4-tima

Предизвик #1 – The home of the ball

Предизвик стар колку времето: Кој прв стави 3 пинг понг топчиња во чашата добива 3 поени. Останатите тимови добиваат по 1 поен за секое ставено топче во чаша. Предизвикот оди вака некако: Секој тим добива по 9 пинг понг топчиња, а се одредува само еден “фрлач”. Тој упорно фрла топчиња, а сите кои не завршуваат во чашата се собираат од останатите од тимот и се враќаат кај “фрлачот” додека не внесе три. Кој тим прв внесе три, тој добива 3 поени и играта тука завшрува. Топчиња летаат насекаде, сите викаат и трчаат по топчиња, еден пробува да се фокусира и да погоди во чаша – хаос 🙂 Ама кој прв стави три, скока од радост, се гушка со остатокот од тимот. Bonding level 9000!

home-of-the-ball

Предизвик #2 – The Pencil Wonder

И за овој предизвик треба да се одреди еден “фаќач на моливи”. Ви требаат 7 моливи наредени во редослед 1-2-2-4 моливи (од видеото ќе сфатите полесно) Секој претставник од секој тим го прави предизвикот. Тој со најдобро време ги зима поените, другите нула. Тешко за објаснување, а богами и за изведба. Ама многу е кул, и нема шанси да не сакаш да пробаш и ти! Башка ако успееш ќе имаш малку чуство дека имаш супер моќи бар тие неколку секунди. Клик на десно во постот подоле за да стигнете до видеото.

Предизвик #3 – Puzzle Frenzy

И ова е предизвик на време: кој тим прв ќе ја намести слагалицата ги зима сите 3 поени, другите тимови ништо. А зачинот на играта е custom слагалици од смешни тимски фотографии, од подзаборавени тим билдинзи или некои фотографии што никој не ги видел. Секој тим добива по една слагалица со иста големина (А4) од 120 парчиња. Сите тимови редат во исто време.

Кај нас сите 4 слагалици беа со различни фотографии, па после имаше простор за приговор дека нечива фотографија била потешка за местење (се разбира од страна на губитниците). Наш совет, направете ги сите 4 слагалици исти, па кој е најјак ќе си победи.

puzzle-frenzy

Предизвик #4 – Guess the movie – pantomima style

Ова нема потреба од интро: пантомима на филмови. Еден е “објаснувач”, влече филм од кугла, другите погодуваат. Кој тим прв ќе го погоди филмот (ако воопшто го погоди, максималното време за објаснување е 5 мин) го зима поенот. И на крај: се собираат поените, се прогласува победничкиот тим. Освен ако не се случи изедначување како што ни се случи на нас. Не го планиравме ова, ама во импровизација сме доста јаки, па решивме двата тима да ги повторат уште еднаш сите предизвици 🙂

Никој немаше проблем со тоа, со задоволство прифатија, предизвиците се стварно забавни. И на крај, го имавме победничкиот тим кој заслужено си доби и награда, да си оди тимски на ручек во гурмански ресторан по избор од #СкопјеГурман.

pantomima_movies

Bonus #5 (just for fun) – PSYCH – The truth comes out!

Компетитивноста заврши со 4тиот предизвик. Последниот бонус предизвик беше резервиран за вечер со добри пијачки и телефоните во раце. Незнам како, сосема случајно наидов на оваа апликација PSYCH  и решив дека е совршена за нашиот креативен тим: бесплатна е, може голема бројка на луѓе да се приклучат во играта и нормално ултра забавна и смешна. Сите влегуваат во игра со код, и апликацијата генерира смешни прашања за членовите кои се во игра (во случајов членовите од вашиот тим) и сите внесуваат одговори на прашањето. Кога сите ќе внесат одговорите, сите гласаат за најдобриот одговор и тој што го пишал одговорот добива поени. Мора да се проба, се смеевме до солзи, на крај ни снема батерии на телефоните 🙂

 

Што ќе пробате прво? Пишете ни  [email protected], или во inbox на нашата Facebook страна дали ви се допаднаа предизвиците, со задоволство ќе смислиме нови, ќе ги пробаме и споделиме со вас. Креирајте спомени, креирајте конекција, креирајте безбедна пријателска и пријатна работна околина. Ќе видите дека со задоволство ќе одите на работа. Ве сака вашиот тимски играч Grouper

Iva Trembelieva

Iva Trembelieva

Оперативен директор