Топ 9 дестинации во Македонија!

Само дома си е дома, само таму на срцето му е убаво, лицето е насмеано а на душичката и е топло.
Нашата дома е 25.000 км квадратни голема и ви нуди уште толку многу причини зошто да ја посетите.

Кога зборуваме за нашата прекрасна Македонија, не може помислата да не ни побуди убави чувства, носталгија и сеќавања.
Па еве, да се навратиме на нашите убавини и традиции кои се кријат на ова мало парче земја.

За сите кои не знаат каде да го искористат зимскиот одмор, ние сме тука веќе 5та година по ред да обезбедиме понуди и идеи од веќе познатата кампања #ДестинацијаМакедонија.

❕ Топ 9 дестинации според мене, кои треба да ги посетите токму оваа есен:

#1 Кочани

Би почнала со авантура на некое место каде што ќе заборавите на вашите телефони и интернет мрежата… Хмм, или пак не, ќе ви требаат за сликање!
На пример Пониква?
Каде и да одберете да одите, ќе се воодушевите од бесконечноста на зеленила и природни убавини, од зајдисонцето и од кристално синото небо.

#2 Лазарополе

На надморска височина од 1.350 метри, се отвара голема висорамнина на чии карпести делови се појавуваат куќи, најчесто двокатни и трокатни изградени од камен кои потсетуваат на средновековни тврдини. Во центарот на ваквата прецизна архитектонска организација ве пречекува Калин Хотел во Лазарополе. Градбата на Калин Хотел е спој на традиционално мијачко градителство со современи архитектонски решенија, што создава топла и уникатна атмосфера.

#3 Кратово

Доколку сакате вистински да го почувствувате недопреното, места каде што ретко кој поминал, тогаш целосно препуштете на тоа што природата ни го подарила.
Купете си купонче за Хотел Кратис и утрото после доручекот посетете го селцето Куклица, старо преку 10 милиони години, кога сè уште немало луѓе на Земјата. Според легендата, во селото Куклица се случила огромна трагедија. Момчето, во кое една девојка од Горно Маало била смртно вљубена, се оженило со друга од Долно Маало, поради што девојката во очај ги проколнала младенците и клетвата се остварила и сите гости се скамениле.

#4 Битола

Дали сте се возеле во оние возови каде нема место за стоење а не па да помислите на седење? Или сте се возеле во оние возови каде можете со друштвото да си седнете на масичка да извадите карти или јамб?
Сега, впуштете се во тој момент и искусете го тоа повторно. Земете си билет и тргнете на пат кон Битола.
Прошетајте се по Широк Сокак, свратете до Ciflik Winery, почастете се со мезе и шише црвено вино и размуабетете се со мештаните за да дознаете малку повеќе за историјата на градот на Конзулите.

#5 Велес

Сакате да се однесувате како вистински туристи во вашата земја? Тогаш би било интересно да ги прашувате случајните минувачи или пак старите дуќанџии во Велес дали нивната пастрмајлија е оригинална и потоа пробајте ја во Ресторан Епицентрум и уверете се. И не заборавајте да си дозволите луксузно спа искуство во Hotel Gardenia & SPA 5*.

#6 Вевчани

Можеби сте од оној тип на луѓе кои сакаат да се покрај Езеро или Река. Ве разбирам, и јас сум! Но супер можност да побегнете од градската бучава и да се одморите од сè би било нешто малку поразлично – Вевчанските Извори. Во пределот кај изворите направена е посебна пешачка патека, каде можете да најдете и дрвени клупи и масички, уживајќи во звукот на водата.

#7 Дихово

За викенд избегајте од секојдневната животна рутина! Заедно со друштвото изнајмете си ја Вила Пирамида и забавувајте се со друштвени игри до изутрина. Токму тука ви препорачувам да го испиете првото утринско кафе гледајќи во пејсажите или пак со добра книга во рацете, додека шарените пеперутки танцуваат во ритамот на ветерот а сите останати спијат.
Притоа ова шармантно селце сместено во националниот парк Пелистер, опкружено со густи борови шуми се најде и на добро познатата туристичка страна Lonley Planet.

#8 Кокино

Храна, традиционална кујна? Добро позната и секогаш ве остава без зборови со својот уникатен вкус и мирис.
Тавче гравче? Летна манџа, ајвар или селско месо?
Или пак домашно вино произведено од мештаните со многу љубов.
Дегустацијата во KOKINO Winery е добра можност да се запознаете со домашното вино во добро друштво и плус ќе имате можност да ја посетите мегалитната опсерваторија во Кокино која се вбројува меѓу античките опсерватории во светот. Во 2005 година, американската вселенска агенција НАСА го вклучува Кокино на картата на 15 антички опсерватории.

#9 Водно, Попова Шапка, Охрид или Галичник?

Доколку сакате авантури и годинава имате храброст за нешто ново имаме интересни предлози, параглајдинг, јавање коњи или тура со АТВ мотори. Со сигурност, нема да згрешите 😉

Па затоа драги Груперци, ајде и оваа есен да посетиме, вкусиме и искусиме нови места во сопствената земја кои не сме знаеле дека ги имаме!

Се што е потребно да направите е да го посетите нашиот сајт Grouper.mk, да одберете #ДестинацијаМакедонија и да скролате се додека не ја најдете зделката која најмногу ви одговара.

Ве сака,
Вашиот Grouper патувачки тим ❤

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper