Touring Macedonia & GROUPER! Авантура и адреналин на попуст

Авантуристички туризам: патување и откривање на нови, необични, егзотични, скриени или диви предели. Искуство кое опфаќа 3 главни компоненти – физичка активност, културно доживување и блискост со природата.

Авантуристички турист: Трагачи по возбуда, сакаат да откриваат нови недопрени предели, но истовремено и да ги надминуваат своите лични граници, да ги отворат умовите и да излезат од својата комфорна зона.

Но, што ако ти кажеме дека за да ги прошириш своите хоризонти не мора да го прошируваш и џебот? Што ако недопрената убавина и скришна магија е тука, достапна, блиску, дома?

Дали твоето нескротено авантуристичко срце ќе одолее на живописните планини, длабоки езера, мистични села и највкусната од сите кујни? И дали си вистински авантурист ако не ги знаеш тајните на родната земја?

Дали ќе одолееш на Македонија

Touring Macedonia е новиот тур оператор, кој испорачува исклучителни авантуристичко туристички искуства. Креиран да ги задоволи и најнескротливите трагачи по возбуда, ќе ви ја доближи убавината на Македонија преку разновидни тури, создадени во совршен спој на природа, традиција, спорт, забава и локална гурманска храна.

Секоја тура е во различна тема, носи посебно искуство и различни спомени. Она што е заедничко за сите тури е магијата на природата, волшебството на авантурата и убавината на нашата недоволно откриена Македонија:

          1. Женска тура на 24% попуст ТУКА

Ве покануваме на вистински женски retreat! Тура креирана со многу љубов и естроген, идеална за авантура во женско друштво. Спој од планинарење во падините на Пелистер, медено доживување, часови од нутриционист, етно масажа, вкусна традиционална храна и локална “Муабетчивка” ракија!

         2. Мамурлак во Дихово на 25% попуст ТУКА 

Секое машко друштво заслужува машки викенд! Далеку од љубопитните очи ќе имате комплетно off road искуство: мезе, планинска detox џип авантура, етно масажа и се разбира, вистинска машка забава со домашно вино и пиво! За незаборавни моменти  Ви ги нудиме двете надалеку познати домашни ракии во Вила Дихово: Љубовџивка и Муабетџивка, па сами одлучете која е за вас.

         3. 2 бои сино на 20% попуст ТУКА

Сина авантура на Преспанското езеро и синото небо над Пелагонија. Кајакарење со инструктор по Преспанско езеро, посета на манастирот Св. Илија и адреналински тандем параглајдинг над живописната Пелагониска котлина. Само за храбри и за вистински авантуристи!

        4. Вакцинирај се на 24% попуст ТУКА

Зајакни го имунитетот и дозволи планината да се погрижи за тебе! Миксот од чист воздух, вкусна храна и добра забава дава очекуван резултат – одлично здравје.  Два дена во Вила Дихово со здрава храна, богата со лук, домашни антисептик пијалоци, професионална масажа, лесно планинарење низ Пелистер и едукативно all inclusive искуство кај локалниот пчелар.

       5. Пелагонија адреналин на 22% попуст ТУКА

Понесете голема торба да ја наполните со адреналин за цела година! Два дена вистинско адреналинско доживување со тандем параглајдинг над Пелагониската котлина и off-road џип турнеја до облаците! Адреналинот и планината ќе ви отворат апетит, кој ќе го згаснете со изобилство од традиционални вкусови и чашка (читај: многу чаши) локална питка ракија.

       6. Планинарење и јавање на 24% попуст ТУКА

Автентично доживување за активни и радознали туристи, вистинска Пелистерска авантура јавајќи ги маловишките коњи. Откривање на тајните на националниот парк Пелистер, тргнувајќи од Ниже поле со вашиот професионален водич па се до најубавиот поглед од Баба Планина кон сите страни на светот и јавачко искуство кое ќе сакате да го повторите многу пати. Љубителите на планината ќе си заминат со полно срце и полни очи Пелистерска убавина.

Запаметете го ова лето по нова авантура и тура низ нашата преубава Македонија. Искусете ги убавините, испреплетеноста на цивилизациите, топлото гостопримство скриено во руралните делови и магијата во срцето на Балканот.

Ве сака авантуристот Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper