Травел Балкан – најголема кампања за патувања на Grouper!

Официјално ја прогласуваме за отворена. 

Ако си од оние луѓе кои за авантура не им е неопходна авионска карта, знаат да уживаат во добра храна, позитивна енергија, чувството како да си дома, потајно сакаат да си дозволат неконвенционални доживувања и секогаш се спремни за нови искуства, тогаш имаме одлична понуда на менито… онака баш како за тебе! 

Оваа пролет, ја започнуваме приказната – “Травел Балкан” или најголемата кампања во категорија – Патувања која се организира за да го поддржи и промовира туризмот на Балканот 🧳

Искрено, после долга интерна борба не успеавме во мисијата да останеме “незаразени” од магијата и шармот на патувањата и приказните кои одат рака под рака со убавината, недопрената природа, вкусната балканска храна и авантуристичките искуства кои ги нуди Балканот. 

Па затоа, решивме да не одиме наспроти себе и целосно се “опуштивме” со подготвување на богата понуда на патувања низ одбрани места во Македонија, Бугарија, Грција, Србија и Црна Гора 🗺️

Крајниот резултат е “Травел Балкан”, најновата кампања на Grouper која ќе трае 6 недели и истата ти нуди широка палета на понуди за патувања, специјално курирана за сите слободоумни патувачи, вистински љубители на есктремните авантури, страствени гурмани и луѓе кои секој слободен момент сакаат да го искористат за нови животни искуства 🧭 🍴

Од тридневна авантура во Црна Гора и планински туризам во Банско, па сè до АТВ тура и летање со параглајдер во Охрид, Травел Балкан постои за да ги задоволи апетитите и на најпребирливите патувачи и авантуристи 🪂

Како за крај, не заборавај да ни раскажеш за најубавото зајдисонце кое ќе го видиш, најдобриот специјалитет кој ќе го пробаш и за собата со прекрасен поглед во која ќе го поминеш викендот со најдрагите.

Разгледај ја целата понуда тука!