TummyTox: „Целта ни е да станеме дел од секојдневието на секој кој внимава на своето здравје, убавина, форма и имунитет!“

TummyTox е онлајн продавница која од неодамна го најде своето место и во Grouper Shopping Mall. За приказната позади TummyTox, поразговаравме со креаторите.

Бојан Јанески и Петар Исиров се двајца дечки од Скопје, љубители на е-трговијата и здравиот начин на живот. Со предходно искуство во бизнис сферата како и конкретно во онлајн продажбата надвор од Македонија, се трудат на најбрз,  најуверлив, но и најтранспарентен начин да допрат до македонскиот потрошувач со уникатни производи кои се прилагодени за буџетот и потребите на купувачите.

Од каде дојде идеата за TummyTox?

Пред да се дојде до одлука за TummyTox, предходеа долги истражувања за што е тоа што му е потребно на македонскиот народ, поврзано со здравиот начин на живот, а моментално го нема кај нас. На македонскиот пазар недостасуваше бренд со навистина ефикасни производи на природна база кои се тука да се погрижат за здравјето, имунитетот, убавината и формата. По неколкумесечното истражување на европскиот пазар, се одлучивме токму за TummyTox производите подади нивниот природен и ефикасен состав, како и поради позитивните коментари и искуства на клиенти низ цела Европа. Производите се за широка употреба, може да ги користат сите полнолетни лица.

Колку беше лесен или тежок процесот од идеја до реализација?

Бидејќи имавме добар бизнис план и комуникација процесот се одвиваше како што очекувавме зимајќи во предвид ситуацијата со пандемијта која што сеуште трае.   Планирано беше деловно патување каде што требаше да се фианлизира се пред официјално да се започне со онлајн продажба, но поради ситуацијата после некое време бевме принидуени да го решиме сетоа тоа со видео повици и мејлови. Исто така бидејќи се работи за додатоци во исхрана, потребно е да се исполнат повеќе услови заедно со соодветна документација за производите. Што се однесува до самата онлајн продавница, релативно брзо ја уредивме благодарение на веб дизајнерот со кој имаме одлична соработка и успеа во карток временски рок да ја подготви продавницата како што имавме замислено. 

Опишете го моментот на првата онлајн продажба – вашите мисли и емоции во тој момент?

Првата продажба беше многу кратко по официјалниот старт на продавницата бидејќи веќе имавме спремни профили на социјалните мрежи каде што го најавуваме стартот извесно време. Бевме возбудени и со нетрпение чекавме да видиме како ќе се реагира јавноста на тоа што го нудиме. Нашиот фокус од самиот почеток беше насочен кон комплетно завршување и прилагодување на веб продавницата пред да се започне со продажба и интензивен маркетинг. Не ни беше целта што побрзо да се форсира отпочнување на продажбата, туку целосно финиализирање на веб страната и на профилите социјалните мрежи, преку кои целосно ќе се запознаат потенцијалните потрошувачи со нашиот асортиман на произовди пред да се одлучат за купување. А мислите и емоциите беа неописливи, првиот купувач вечно ќе биде запаметен.

Како го гледате брендот TummyTox за 5 години од сега?

Лидер во онлајн продажбата на додатоци во исхрана кој се грижат за здравјето и изгледот. Нашата визија е да ја подигнеме свеста кај македонскиот народ за здравјето но и за онлајн продажбата, по примерот на европските земји. Нашата мисија е да ги пратиме светските трендови за маркетинг и онлајн продажба, бидејќи за секој динамичен бизнис истото е неопходно. Не ја исклучуваме можноста и за продажба и во физички продавници во иднина. Долгорочно, целта ни е TummyTox да постане дел од секојдневието на секој оној кој сака да внимава на своето здравје, убавина, форма и имунитет, што веќе е случај  низ цела Европа. 

Посети ја онлајн продавницата на TummyTox тука.

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper