Денот на Вљубените – 14ти Февруари или популарно познатиот Св.Валентајн започнува да ни тропа на врата па сега е идеално време да започнете да размислувате што ќе им купите на вашите сакани. Не е важно што празникот потекнува од друга култура, важен е поводот да ја празнуваме љубовта. А љубовта не може да ја ставите на пауза! Не чекајте до последен момент за да направите некого среќен. ?
Впрочем и не мора да сте заљубен или во врска, за да подарите некому нешто од срце. Да ја славиме љубовта во сите нејзини форми! Изминатава година ни помогна да се сетиме на сите видови љубов кои што ни помагаат да танцуваме низ животот. Можеби тоа е љубовта за вашиот најдобар другар/ка кој со хумор ви ги разубавува деновите, близок член од фамилијата или вашиот партнер со кого поминувате незаборавни моменти.
Немате идеја за подарок? Не грижете се, ние сме тука за вас. Ви спремивме топ предлози или Valentine зделки за да предизвикате насмевка на нечие лице. Подари зделка=Подари љубов! ❤️
• За дамите погледнете ги сите зделки Valentine за НЕА тука.
Одберете кул маичка со дизајн, сребрено ланче со позлата + приврзок срце, или пак персонализиран подарок со ваша слика и текст.

• За момците сите Valentine зделки за НЕГО се тука.
На пример подарете Mystery box – со 3 пара чорапи, квалитетни производи за брада и коса или можеби персонализиран постер со карикатури во рамка.

Ако сакате да избегате од секојдневието можете да подарите некому изненадно патување со СПА уживање + романтична вечера или да одберете од сите патувања достапни за тој период.
Оние кои го преферираат Св.Трифун или пак сакаат да го празнуваат овој ден со добро вино можат да одберат сортно вино со уникатен дизајн или пакет од 6 вина од нашето поднебје.
На крајот од денот, вниманието и гестот се најбитни за секого. Нема да погрешите што и да подарите ако подарувате со љубов!