Нашиот тимски дух, желба за дружење и креативни активности се секогаш на ниво, а денес по повод Велигден споделуваме со вас една идеја која можете да си ја направите со друштво, по дома или со колегите на работа (како ние). Ние супер се забавувавме и плус сега си го имаме цел Grouper тим на јајца да ни ги чува канцелариите за празниците.
Значи оди вака:
- Ги пишувате/принтате сите колеги на лифчиња
- Ги ставате лифчињата во сад и секој од тимот влече да види кој колега му се паднал (сите си ја чуваат информацијата за себе т.е не ја споделуваат со другите)
- Варите јајца и ги оставате да се оладат 🙂
- Се снабдувате со реквизити: фолмастери, волна за имитација на коса и разни стикерчиња и секако обавезно лепак (ако сте профи како нас ќе си земете пиштолче со силиконски лепак ако не било кој друг лепак би требало да заврши работа)
- Се собирате цел тим и секој си го прави својот колега на јајце.
- Секое направено јајце се реди на посебно место и чека да се собере цел тим за сликањето т.е фотосесијата.
- Се собирате цел тим и погодувате кое јајце е кој колега, се смеете и завршувате со сликање (еден по еден од истиот агол јер ние имаме фотограф што веќе го нашол најдобриот па ние другите следиме)
P.S. Помеѓу чекор 6 и 7 додека сите го прават своето јајце им ѕиркате на сите и пробувате да се најдете сами.
Среќни празници! Бидете среќни, позитивни и фини и не заборавајте дека ве сакаме.
Велигденски поздрав од нашиот креативен екипаж