Велигденски празнични патувања? Може!

Ако мораме да издвоиме 5 есенцијални карактеристики на престојните Велигденски празнични денови, тогаш тоа би биле: фарбање јајца, кршење со јајца (читај: мимоза салата), интензивно дружење со најблиските, религиски обичаи и празнично бегство од домашниот амбиент 🥚

За првите 4 карактеристки нема што да додаме и/или одземеме, едноставно тоа се константи кои се дел од обичаите и традицијата (тука не се мешаме), но затоа за последната ставка и те како имаме што да кажеме, советуваме и понудиме. 


Факт: Тимот на Grouper обожава викенди, особено кога се завиткани во празнична атмосфера со еден тон убави и блиски луѓе, уникатни моменти и искрени насмевки! 🫶


Водејќи се по горната констатација, како страствени љубители на празниците и патувањата и оваа година си останавме на зборот и не пропуштивме да подготвиме мало слатко празнично изненадување за дополнително разубавување на престојниот продолжен викенд. За кого? Само за вас! 🗺️

Во прилог Ви нудиме широка палета од еднодневни, викендашки и понуди за продолжен викенд, специјално наменети за престојните празнични Велигденски денови 🧳

Во периодот од 14 до 17 април, период на Велигденски денови, на Grouper ќе најдете поприлично голем број на интригантни понуди за патување со ЕКСТРА ПОПУСТИ! 🐰


Ставете си потсетник да купувате на Grouper од  14 до 17 април со ЕКСТРА 10% попуст со промо кодот #VELIGDEN10 кој важи за сите зделки.
*Максимална вредност на промо кодот е 400 денари!


Драги Груперци, викендаши и попуст вљубеници, искрено немате многу време за мислење, затоа трк на Grouper.mk и дозволете си ноќевање + СПА vo Бањишт Хотел & СПА, Велигден во Банско, продолжен одмор на Олимписка ривиера, незаборавна тура со SUP даски и уште 100+ понуди за празнување, освежување и релаксирање ⛱️

Но тоа не е сè! Летото ќе стигне додека да кажете кекс, па затоа разгледајте ја богатата понуда со летни аранжмани и зделки за незаборавно лето 🌴

Како за крај, честит Велигден и имајте убав продолжен викенд! 🤗

Искрено Ваш,
Тимот на Grouper 💕