Дечки дојде тој дел од годината, мојот омилен 😀
Последните денови од Декември, празнична атмосфера, рефлексија на изминатата година и подготовките за наредната.
Оваа година дефинитивно ќе ја запаметам по многу работи. Заедно сo сите колеги ги разгледувавме настаните од изминатата година и сфативме дека најзаслужен за нашата успешна година е нашиот тим од прекрасни вредни луѓе и нашите корисници и соработници кои се секогаш тука за нас.
Во 2018 ја добивме наградата Сајт на Годината + освоивме и 4 други награди во категориите: Најдобар сајт за е-трговија (3то место); Најдобар корпоративен сајт (2ро место); Најдобра мобилна апликација (2ро место) и Најдобар мобилен сајт.
Оваа година дадовме се од себе за да ја оправдаме вашата доверба, срушивме нови рекорди и организиравме многу кампањи и изненадувања.
Оваа 2019та изборот за Сајт на годината е во тек! Најмногу ни значи вашата поддршка и ги споделуваме категориите во кои сме номинирани:
Гласајте на овој ЛИНК за категоријата во која мислите дека најмногу сме се покажале (се надеваме дека ќе гласате за нас во сите )
Што е тоа што сакаме да го споделиме за годината која измина?
- Стигнавме до 1 000 000 продадени купони и секако го изнанадивме милионитиот купувач со награда. П.С: беше наш лојален корисник од 2013та година!
- Организиравме најлуда Black Friday акција која како и секоја година сруши најголеми рекорди со попусти до 90%.
- Имавме неколку тркала на среќата и на сајт и во Градски парк и поделивме многу подароци и попусти.
- Го прославивме нашиот 8ми роденден со нашите препознатливи Златни зделки.
- Организиравме најголема наградна игра заедно со Mastercard и доделивме карти за UEFA Champions League на среќните победници како и многу други награди и патувања!
- Направивме многу кампањи како Kids Week и #СкопјеГурман каде со секое купување корисниците донираа и помогнаа во хумана цел.
- И ја организиравме нашата омилена кампања Дестинација Македонија и како секоја година го промовиравме домашниот туризам. Со голем мерак направивме и специјално видео за да се потсетиме на убавините на нашата држава.
А што следи во 2020? Многу нови проекти и изненадувања. Едвај чекаме да ви споделиме повеќе за новите работи кои ги спремаме, stay tuned 😀 Годината ќе ја започнеме со нашиот 9ти роденден. По тој повод следат најјаките златни зделки до сега во Јануари!
Со љубов,
Вашите Групери