ТОП 3 ВИКЕНД ДЕСТИНАЦИИ ЗА ОВА ЛЕТО

Како што знаеме сите брзиот начин на живот е присутен во нашето секојдневие, па така се повеќе ни е потребно да избегаме и да се релаксираме.

Доколку се двоумите каде да го поминете викендот после напорната работна недела, имаме неколку дестинации за вас кои се најбарани.

#1 Дестинација Грција

Каламици, Ситониа

Hotel Palladium Sithonia

Хотел Palladium Sithonia е сместен во еден од најубавите предели во Каламици. Услуга во соба, климатизирани соби, базен… се само дел од предностите кои ги има ова сместување. Дополнително, секоја соба е опремена со работна маса и бесплатна Wi-Fi конекција. Гостите во сместувањето можат да уживаат во континентален или доручек на шведска маса. Преубавата песочна плажа се наоѓа на само 200 м од хотелот.

Ханиоти, Касандра

Hotel Haris

HARIS хотелот нуди пријатна атмосфера и за време на вашиот престој ќе се чувствувате како дома. Се наоѓа на 100 км од Солун, односно на 600 м од градот Ханиоти и само на 250 метри од морето. Хотелот HARIS има 42 соби. Собите се удобни и внимателно уредени со ситни детали кои придонесуваат за уште поубав престој.

Олимпик Бич

Ouzas Luxury Hotel

Ouzas Luxury Hotel ви нуди се што Ви е потребно за вистински одмор – релаксација, забава и мир во исто време. Удобниот престој ќе Ви овозможи пријатно летување. Гостопримливоста на персоналот на хотелот го прави овој хотел одличен избор за одмор.

#2 Дестинација Бугарија

Банско

Regnum Bansko Hotel & SPA

Regnum Apart Hotel & Spa Bansko е лоциран во подножјето на Пиринската планина, со импресивен поглед и уникатен дизајн кој се разликува од стандардните околни објекти. Хотелот е совршено место за релаксација, со уникатни орнаменти, ентериер и места за опуштање и уживање.

Сончев Брег

Хотел Bohemi 3*

Хотел Бохеми се наоѓа на главната улица на КК Сончев Брег на оддалеченост од 350 м. од плажата, веднаш до казино Хризантема и на само 5 минути пешачење до центарот на комплексот. Хотелот располага со 83 двокреветни соби, 2 апартмани, базен и детско катче, билјард, ресторан, лоби бар, сопствен паркинг и сеф на рецепцијата. Собите располагаат со клима ред, телевизор и тераса.

#3 Дестинација Македонија

Охрид

Хотел Milenium Palace 4*

Хотел Milenium Palace 4* кој нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото. Хотелот располага со финска бања, турска бања, теретана и модерно уредени соби.

Попова Шапка

Хотел и Спа Арена

Хотел и Спа Арена е се наоѓа на познатиот ски-центар во Македонија, Попова Шапка во Тетово. Сместен е блиску до скијачките патеки, нуди одлична можност за прошетка на планинските предели кои поседуваат огромни природни убавини.

Галичник

Хотел Неда Галичник

Селото Галичник е светски познато по Галичката свадба која традиционално се одржува секоја година на 12 јули – Петровден. Препознатлива е по единствените, оригинални и неповторливи свадбарски обичаи.

Пелистер

Хотел Молика

Хотел “Молика” претставува бисер на Пелистер. Едно од ретките места каде човек може да ја почувствува недопрената природа, да се одмори од секојдневието и да ужива во беспрекорната услуга на персоналот.

Берово

Вип хотел Берово

Доколку сте немале прилика да го истражите источниот дел на Македонија и сакате да се одморите од стресното секојдневие, тогаш вашата дестинација е Вип Хотел во Берово. Се наоѓа на 1000 м надморска височина, 5 км од Берово, во борова шума и цветни ливади.

Струга

Хотел Београд

Самата градина и барот на хотелот се ориентирани кон преубавиот Дрим. Во самиот центар на Струга на само 200 метри од музејот на природата, може да поминете прекрасен викенд во Хотел Београд.

Дебар

Бања Косоврасти

Бања Косоврасти е современ ресорт со поглед кон Дебарското Езеро. Прекрасна природа, високи планини, кањонот на реката Радика, Дебарското Езеро Шпилје и пешачките патеки, се најпогодното место за релаксирачки прошетки како и за оние што бараат авантури и предизвици. Водата богата со здравје, со векови има докажано дека е решение за проблеми.

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper