Викенд на Здравје со Mastercard

Дечки, Светскиот ден на здравјето се слави секоја година на 7 Април на глобално ниво. Денот го означува основањето на Светската здравствена организација (СЗО) и има за цел да привлече внимание на важните здравствени проблеми со кои се соочува светот секоја година. Пораката за Светскиот ден на здравјето е едноставна: пристап до здравствена заштита без финансиски потешкотии. Исто како и нашата.

Grouper на свој начин ги одбележува светските празници, па не го заборави и овој, кој е посветен на најважната работа за сите нас, за која мора да си признаеме многу често јa сфаќаме “здраво за готово”. Грижата за нашето здравје е почит кон нашето тело и самите себе си, па за таа цел нашиот тим припреми најразлични зделки за прегледи, консултации, испитувања, тестови, анализи и тоа по супер цени на попуст!

Овој викенд 6-7 Април го славиме здравјето, па затоа сите кои ќе купуваат зделки од категорија здравје со Mastercard картички, ќе имаат можност за дополнителна заштеда од 10% во форма на cashback!

*Заштедата ја добивате во вашaта Grouper торбичка и може да си ја искористите кога сакате и за што и да сакате

Sharing is caring, health is wealth!

Бидете добри.

Ве сака,

Тимот на Grouper.

Dragana Gjokik

Dragana Gjokik

Маркетинг и продажба