Епа драги наши Групери, се ближи крајот на шопинг лудилото наречено Weekend Mania! Сите до сега го следеа златното викенд правило “Кај и да си, за викенд на Grouper да си” и по 4 викенди подоцна, се продадоа над 6000 купони и се поттикнаа двојно повеќе викенд насмевки!
Првиот викенд сите уживаа во Grouper продавницата наречена “сé за 99 ден.“, вториот Best Of викенд царуваа јаките брендови и најпродаваните зделки по специјални викенд цени, третиот викенд ве пративме на патување со најголем попуст, a Велигденскиот односно 4тиот викенд од ова лудило беше all about попуст на попустот со супер викенд зделки и поголем попуст од вообичаено, и тоа цел празничен викенд од 4 дена!
За да го преставиме 5тиот и последен викенд морам да ви ја кажам приказната за инспирацијата. Ви текнува порано повеќе, сега помалку, кога се паѓаа разни гратис производи со некои списанија? Ама стварно вредни гратиси! Ми текнува дека списанието беше на италијански, ама и покрај моето скромно познавање на јазикот, без размислување го купував зошто во него имаше гратис несесер, шнола, кармин или сличен подарок. Си добивав комбо пакетче и тие броеви ми беа посебно задоволство. Ама бев лојален корисник, не ги купував само тие, ако тоа ме прашувате 😀
Па сега погодувате лесно што ќе ве пречека на Grouper овој викенд ➡ Комбо кратис маниа, или комбо пакети од вашите омилени зделки!
Пример ќе купите фарбање на попуст, ќе добиете гратис шишање, или пак си купувате екстерен полнач на попуст и добивате гратис слушалки, или комплет накит со ланче и обетки и гратис прстен или пак…да не ги откривам изненадувањата, чекате го 22ри април и ќе дознаете какви комбо пакети ќе добиете и тоа со специјални цени! Правилата на маниата се следни:
- Овој викенд 22.04-23.04
- Само 48 часа
- Специјални комбо пакети со гратис услуги и производи
Дали најубавото е оставено за крај одлучете вие, а ние со радост и возбуда го чекаме и последниот петти викенд, но и работиме на следната Grouper акција!
Следете нé и делете гратис насмевки, во комбо со гушки и добра енергија!