Weekend Shopping Mania започна баш лудо, еуфорично, манично и весело како што очекувавме! Супер зделките – сè за 99 ден ги заинтригираа сите Груперци и секој брзаше да се поднови со симпатичен и корисен производ, да си најде масажа, фенирање, куглање или да се почасти со вкусна лапачка по непобедлива и неповторлива цена!
Grouper, креативен и вреден како секогаш, се гордееше на успешната акција, на продадените 1823 купони и на задоволните корисници, па ги засука ракавите да подготви нова Weekend Mania и да ги натера Груперци едваааааааај да го чекаат наредниот викенд (#којнесакавикенд). 5 викенди по ред се ветени, ветување си е ветување! 🙂
Се мислевме, се договаравме и одлучивме овој викенд да биде баш НАЈ! Овој викенд од 01.04 – 2.04.2017 (зделките почнуваат од 00:00!) го прогласуваме за THE BEST OF GROUPER викенд, или најдоброто од нас, со најпосакуваните, најпродаваните и најбараните зделки од најквалитетните Grouper соработници и нормално по најекономична и ниска цена и најголем попуст!
Тука ќе може да најдете дел од зделките за кои сите зборуваа, а вие ги пропуштивте, или пак толку беа добри што ги сакате пак, или пак нешто ново на кое е тешко да се оддолее. Нешто како златна зделка, ама само 48 часа!
- Weekend Shopping Mania #2 – BEST OF GROUPER
- Само за најбрзите – Зделките траат 48 часа
- Најјаки брендови, најпосакувани зделки, најниски цени
Нека не ве збунува 1ви Април, ова не е Априлилили шега, но секако ќе може да купувате во првоаприлска маска, и онака купувањето е online!
Како и претходниот викенд, акцијата ќе биде само за најбрзите прсти и најодлучните Груперци (овој викенд сè е нај!). Количините ќе бидат ограничени, но неограничена ќе биде возбудата и лудилото предизвикано од уште една Weekend Shopping Maniaaaaa!
Дали ви текнува на подобар начин да го започнете расцветаниот и убав Април?
Ве сака викендашот Grouper.