Ѓоре Захарчев: „Животот е прекраток за да се пие лошо вино“

Семејна винарија Захарчев е мала бутик винарија која се наоѓа во Кавадарци. Винаријата е насочена кон производство на вино од сорти на гројзе кои се карактеристични за балканот и кои се речиси пред изумирање. Годишното производство на вино е околу 7000 шишиња и истите не можат да се купат во продавница или ресторан туку само со дирекна продажба од винаријата. Секое шише вино произведено во винаријата има своја приказна која треба да се раскажува.

Од неодамна, винаријата овозможи онлајн продажба и тоа преку нашата платформа Grouper Shopping Mall и по тој повод имавме краток разговор со Ѓоре Захарчев.

Кога и како е основана семејната винарија Захарчев?

Со вино се занимаваме практично многу одамна, а официјално нашата винарија е регистрирана во 2020 година и тоа во месец Април. Првата винска година ја имавме есента 2020 година. Сè дојде во моментот кога законот за вино беше изменет и беше дозволено регистрација на мини винарии од страна на физички лица. Така започнува нашата приказна која уште малку ќе заокружи 1 официјална година.

Од каде потекна идејата да се основа семејна винарија? 

Па ние во Кавадарци сме на далеку познати производители на вино, а за мене како кавадарчанец претставува потреба да имам свое вино. Од таму и семејната винарија со мал капацитет во која ќе може да ги преработиме количините набрани во нашите лозови насади.

Со кои сè предизвици се соочивте од моментот кога решивте да основате винарија до првата продажба?

Пред сè тука е непознатиот пазар кој допрва го откриваме. За потрошувачите сè уште сме непознати и нашето име не им значи ништо, но се надеваме дека многу брзо ќе успееме да се етаблираме на домашниот пазар. Можноста да се претставиме на јавноста преку платформата Grouper Shopping Mall е вистински предизвик и тест за квалитетот на нашето вино.

Кога се случи вашата прва онлајн продажба?

Пред само неколку дена (хаха)! Првата продажба преку нашата онлајн продавница во Grouper Shopping Mall ја пречекавме со насмевка. Тоа значи дека нашата кампања во соработка со Grouper почнува да дава резултати и ја исполнуваме целта: да бидеме брзо и лесно достапни за нарачка на целиот домашен пазар, а воедно да имаме платформа како Grouper преку која најлесно ќе допреме до најголем број потенцијални клиенти.

Каде ја гледате винаријата Захарчев во иднина, за 5-10 години од сега?

Ја гледам како успешна бутик винарија со сопствена сала за дегустација и присутност на нашите вина во сите специјализирани продавници за вино.

Ваша порака за сите љубители на виното?

Можеби е клише, но е вистина: Животот е прекраток да се пие лошо вино!

Посети ја онлајн продавницата на Семејната винарија Захарчев тука.

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper