Веруваме дека сте во тек со нашата прекрасна кампања “Доживеј ја Македонија” која има за цел да ги доближи до вас убавините на Македонија преку одличните зделки за различни дестинации по Grouper цени. Кампањата започна пред неполни 2 недели, а веќе имаме објавено над 40 зделки преку кои се продадени над 400 купони. Најголем број од доживувачите ги одбраа Берово, Крушево и Кочани, а адреналинските души одбраа да јаваат коњи на Галичник или да летаат со параглајдер од Скопска Црна Гора или Прилеп.
За да не остане само на бројки го лоциравме и првиот доживувач! Кате (ljamova) која на наше задоволство е Grouper корисник повеќе од 2 години, ни ги наполни душите со фотографија од гастрономски убавини во прекрасната природа во с. Јанче Hotel Tutto.
“Мирно и спокојно место со многу душа. Персоналот е многу љубезен, а го запознавме и сопственикот кој постојано ни пристапуваше и прашуваше дали е се во ред. Собите се чисти и топли. Храната е прекрасна особено богатиот појадок со поглед на зелената шума и р. Радика. Право викенд уживање! Ми се допаѓа кампањата и следно би одела во Галичник!” – Кате
Особено задоволство ни е ако ве поттикнавме и вас да посетите ново место дома, па затоа ако шетате со Grouper зделка и споделите фотографија користете го хаштагот #ДоживејЈаМакедонија или тагнете не (@grouper.mk) за да не израдувате и мотивирате…или барем да знаеме дека сте добро пишете ни СМС, се грижиме за вас 🙂
Слушнавме многу пофалби за кампањата, што ни е особено драго, а меѓу пофалбите добивме и предлог дека требало да ја крстиме – “Запознај ја Македонија како што ја знаат странците” 🙂 Во тој контекст сигурни сме дека престојниов викенд ќе биде шетачки викенд за сите вас и дека ве мотивираме да одберете, посетите и спознаете некоја домашна убавина.
Имајте прекрасен викенд вие прекрасни луѓе,
И не заборавајте да го користите хаштагот #ДоживејЈаМакедонија или тагнете не’ за да не израдувате каде шетате
Груперски поздрав