Дали знаете дека златните медали кои се доделуваат на спортистите не се направени од злато? Тие се создадени со многу труд, желба, упорност и напорна работа. Токму така ги создаваме и нашите Златни Зделки!
Тимот на Grouper секој јануари се подготвува за роденденско славје, зачинето со веќе традиционалните #ЗлатниЗделки кои ги чекаме цела година!
Што значи #ЗлатнаЗделка? Поимот датира од пред 5 години и првпат се спомнува во канцелариите на Grouper при планирањето на 5-от роденден! За разлика од сите кои сакаат да добијат подарок за роденденот, ние сакаме да подариме и креирањето на првата кампања #ЗлатниЗделки беше наш подарок за сите корисници! Тогаш испеавме и песна, а златните зделки станаа традиција.
#ЗлатнаЗделка значи попуст, атрактивни производи или услуги, премиум брендови, најдобри цени, најпопуларни дестинации, најдобрите хотели и ресторани – сè она што вреди злато и не смее да се пропушти!
Нашата роденденска желба е едноставна! Секој од вас да пронајде барем една #ЗлатнаЗделка која ќе му се допадне!