Специјално викенд изненадување! #Велигден

Зошто ги сакаме викендите? Па, самиот збор носи радост, очекување, слобода и среќа! Не може да не го сакаш! За викенд најмногу „се живее“ и се создаваат најдобрите спомени. Почнувајќи од пиво во петок вечер, повеќе спиење во сабота сабајле, сладолед во парк, шопинг, патување, фамилијарен ручек, журка со другарите и полнење батерии! Ах зошто не е секој ден викенд!

Епа драги Груперци, викендаши и попуст вљубеници, подгответе се да го засакате викендот уште повеќе, всушност подгответе се да се вљубите во Grouper викендите! Овој продолжен празничен викенд, почнувајќи од 06.04.2018, премиерно и свечено, започнуваат Grouper Специјалните Викенди со специјални викенд зделки!

Старт: 06.04.2018
Непобедливи викенд цени – попуст на попустот!
Важи само за викендите во Април!
Секој викенд различно изненадување!
Само за најбрзите – зделките траат 48 часа!
Стартуваме со Велигденски празнични зделки – екстра посебни!

Со оглед дека почетокот на акцијата се поклопува со продолжениот празничен викенд – Велигденски – стартуваме со специјални празнични зделки кои ќе траат од петок до понеделник! Гратис 2 дена во пролетен продолжен четиридневен викенд! Во духот на Велигден, шарените јајца и веселите зајачиња, подгответе се за шарен викенд и очекувајте и токму такви зделки!

vikend-blog-slika
Во текот на нaредните викенди, Grouper ќе ве изненадува со тематски викенд акции кои никого нема да остават рамнодушен на Груперското викенд лудило! Секој викенд ќе биде единствен и посебен, со нови свежи ВИКЕНД зделки! Зделките ќе траат само 48 часа (сабота и недела), ќе имаат максимален попуст и ќе може да ги зграбат само најбрзите и најбудните Груперци!

И секако, ако не сте дома за викенд тука е мобилната апликација со која на само еден клик од каде и да сте викенд зделка ќе си “фатите”– и попустот ќе си го искористите кога ќе се вратите! Подгответе се за изненадувања и не заборавајте: Kај и да си, за викенд на Grouper да си!

Ве сакаме како што сакаме викенд!

Секогаш ваш,
Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper

Тимот на Grouper